1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски се откажа од претседателската пензија

ДТЗ
14 мај 2024

Претставници на МВР и понатаму ќе се грижат за неговата безбедност, а тој ќе има и канцеларија со тројца соработници.

https://p.dw.com/p/4fq35
Стево Пендаровски
Пендаровски се откажа од претседателските бенефицииФотографија: Pressestelle des Präsidenten der Republik Nord-Mazedonien/Foto: Tomislav Gergiev

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции - нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера во Американ колеџ. Вакво ветување тој даде уште кога беше избран за претседател пред пет години.

Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки коишто ги прават.

Канцеларија со тројца вработени

Но, на Пендаровски и во иднина ќе му биде потребна административната и логистичката поддршка, за време на средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции. Поради тоа ќе се бара од државните институции повремено да се користи канцеларија.

Но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, тој најавува дека во иднина ќе го искористи правото да се отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство Пендаровски би можел да користи низа бенефиции како пензија и канцелариски простор со најмногу до тројца стручни соработници, право на лично обезбедување, како и користење на службено возило и возач. Ваквите права ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.