1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГерманија

Колку е религиозна Германија?

Лавдеј Рајт
1 мај 2024

Сѐ повеќе германски христијани формално ја напуштаат црквата, а околу една третина од Германците велат дека воопшто не се религиозни. Но, додека одењето во црква е во опаѓање, муслиманското малцинство во Германија ќе расте.

https://p.dw.com/p/4fLSW

Во далечната 1950 година, речиси сите во Германија беа христијани. Денес, околу половина од населението се формално членови на црквата. Има малку повеќе католици отколку протестанти, а православните христијани сочинуваат многу помала група.

Сè повеќе луѓе ја напуштаат црквата во последниве години, особено поради скандалите со сексуална злоупотреба на деца. Многу германски христијани велат дека ја критикуваат црквата како институција - или дека таа не игра голема улога во нивната вера.

Додека христијанството е во опаѓање, исламот расте. Тоа е втора по големина религија во Германија, но муслиманите сè уште се мало малцинство: околу 6,5% од населението. Експертите предвидуваат дека таа бројка може да достигне околу 10% до 2050 година.

Хиндусите и будистите сочинуваат по околу 1% од населението, додека помалку од 0,5% се Евреи. А нешто повеќе од една третина од Германците велат дека воопшто не се религиозни.