1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Германија: Нова помош во оружје за Украина

СН/агенции | АРД
30 април 2024

Оклопни возила, муниција противоздушне систем: Украина повторно доби пакет оружје од Германија. Но, на земјата итно и е неопходна дополнителна помош Претседателот Зеленски апелира за повеќе оружје - и поголема брзина.

https://p.dw.com/p/4fKt5
Оклопното борбено бозило од германско производство - Мардер
Оклопното борбено бозило од германско производство - МардерФотографија: Philipp Schulze/dpa/picture alliance

Германија ѝ испорача уште десет оклопни борбени возила Мардер и други средства за одбрана на Украина, која е цел на агресорска војна од страна на Русија. Германската влада објави дека вториот систем за противвоздушна одбрана систем Скајнекс е исто така дел од пакетот, како и речиси 30.000 парчиња муниција за тенкот Гепард и како и муниција за системот Ирис-Т. Третиот противвоздушен систем од типот Патриот ветен во средината на април не беше на ажурираната листа на германска воена помош. Русија неодамна ги засили воздушните напади со ракети, крстаречки ракети, беспилотни летала и бомби врз Украина. Новата германска воена помош за Украина вклучува и 7.500 артилериски гранати од калибар 155 мм, муниција за тенкот Леопард 2 и 3.000 парчиња рачно противтенковско оружје.

Системот за противоздушна одбрана Патриот од американско производство
Системот за противоздушна одбрана Патриот од американско производствоФотографија: BildFunkMV/IMAGO

Инженерските и транспортните способности на украинската армија се зајакнати со уште еден тенк за поставување мостови од типот Бибер, инженерски тенк и девет возила за расчистување мини.

Зеленски апелира за дополнителна поддршка

Украина, во моментов, страда од недостиг на оружје и на муниција. Секојдневните руски ракетни напади, нападите на фронтот може да бидат запрени, рече претседателот Володимир Зеленски во видео порака. „Но, за да го направи тоа, украинската армија зависи од доволна поддршка од нејзините партнери. рече Зеленски дополнувајќи дека партнерските земји располагаат со оружени системи кои ѝ се итно неопходни на Украина. Тој притоа ги нагласи противвоздушните системи Патриот од американско производство и артилериските гранати од калибар од 155 милиметри. Процесот мора да се забрза, апелираше украинскиот претседател.